Британски извештај: Русија го контролира поголемиот дел од Северодоњецк

Фото: EPA-EFE/STR

Русија го контролира поголемиот дел од Северодоњецк по едномесечните интензивни борби кои предизвикаа „голема колатерална штета“ во клучниот источен град, велат од Министерството за одбрана на Велика Британија.

Во својот последен брифинг, тие исто така истакнаа дека е „многу малку веројатно Русија да очекува таква силна опозиција“ или „бавен, изнемоштен конфликт“.

Ажурирањето, исто така, допира и за маките на „неколку стотици цивили“ кои се засолнети во подземни бункери во хемиска фабрика, заедно со украинските војници.

Русија соопшти дека денеска ќе дозволи безбедно преминување на цивилите и побара од војниците да го положат оружјето и да се предадат.

Брифингот на Министерството за одбрана сугерира дека ако борците останат и продолжат да се држат во хемиската фабрика Азот, тоа „привремено ќе ја спречи Русија повторно да ги преземе овие единици за мисии на друго место“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот