Британија парализирана од штрајкот на синдикатите во железницата

Британска железница/ Фото Niklas HALLE'N / AFP / Profimedia

Британските железници денеска се речиси во целосен застој поради штрајкот на синдикатите, бидејќи вработените бараат зголемување на платите поради инфлацијата.

Низ земјата денеска сообраќаат само 11 отсто од возовите, а во некои делови на Велика Британија воопшто нема железнички сообраќај.

Еден од синдикатите, кој им се извини на граѓаните за штрајкот, објави дека британската Влада е одговорна за штрајкот „поради предлогот да се укинат некои работни места и да се намалат пензиите и платите”.

Британските домаќинства се соочуваат со инфлација од околу 10 отсто и се загрижени дали ќе можат да ги платат сметките за парно и други сметки оваа зима.

Железничарите, пристанишните и поштенските работници, адвокатите и градските чистачи од јуни организираат штрајкови со барања за повисоки плати во услови на криза со зголемените трошоци за живот.

Штрајкови на железницата и лондонското метро се закажани за и за следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот