Британија ги повлекува вработените од амбасадата во Украина

Британската амбасада во Украина / Фото МИА.мк

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина, по предупредувањата за руска инвазија, објави Би-Би-Си.

Официјални лица наведуваат дека нема конкретна закана за британските дипломати, но дека половина од вработените во дипломатската мисија во Киев ќе се вратат во Британија.

Одлуката на Велика Британија уследи откако САД им наложија на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да ја напуштат Украина, тврдејќи дека Русија може да ја нападне Украина во секое време.

САД ги евакуира семејствата на вработените во амбасадата во Украина

Русија негира дека планира каква било воена акција во Украина.

Европската унија, за разлика од САД и Велика Британија, одлучи засега да не го повлекува дипломатскиот персонал од Украина. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека нема да ги „драматизира” тензиите, дека ЕУ не гледа причина за такво нешто и оти ќе побараат објаснување од САД за таквиот потег.

Борел: Нема потреба од евакуација на нашите дипломати од Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот