САД ги евакуира семејствата на вработените во амбасадата во Украина

Стејт Департментот на САД
Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

Стејт департментот им нареди на семејствата на вработените во амбасадата на САД во Украина да започнат со евакуација од земјата во понеделник, изјавија американски официјални лица за Фокс њуз.

Следната недела, Стејт департментот се очекува да ги повика Американците да почнат да ја напуштаат Украина со комерцијални летови, „додека тие сè уште се достапни“, рече еден официјален претставник.

Москва распореди повеќе од 100.000 војници на украинската граница, што предизвикува голем страв од инвазија.

Американската амбасада во Украина соопшти дека пристигнала првата пратка муниција за мало оружје, според инструкциите на претседателот Џо Бајден. Американските власти, исто така, изјавија за Фокс дека на почетокот на следната недела се очекува да пристигнат противтенковски ракети Џавелин од балтичките земји и од воените резерви на САД.

Исто така, трите поранешни држави на СССР, Естонија, Летонија и Литванија ќе испратат противтенковски и противвоздушни ракети во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот