Британците загрижени од изгледот на принцот Филип: Кој го пушти ваков од болница? (ФОТО)

инстаграм

Иако им е драго што тој божиќните празници ги помина дома, сепак откако го видоа на фотографиите гласно апелираа дека сметаат дека тој не изгледа добро и дека веднаш треба да се врати на болничко лекување.

Сопругот на кралицата Елизабета II (93), принцот Филип (98) божиќните празници ги помина со своите најблиски. Тој на Бадник излезе од болницата во која помина четири ноќи, а наводно таму бил поради настинка.

Иако тој е под целосен медицински надрзор, неговите фанови не престануваат да апелираат повторно да биде згрижен во болница, поради состојбата во која беше виден на последните фотографии.

Кој го пуштил ваков од болница? гласат коментарите на Инстаграм. Фановите се сериозно загрижени за неговото зравје, потенцирајќи дека тој во последно време често има здравствени проблеми.

Видео на денот