Брејк стана татко по третпат – Овој пат на девојче!

Се роди Деа, третото дете на познатиот пејач и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк, кој е во брак со поранешната Мис на Македонија Драгана Клопчевска.

Ова е нивно второ дете, заедно го имаат и синот Давид. Брејк од претходниот брак со Драгана Јаневска го има и синот Марко. Трето па женско!

„Во 03:44, денес се роди Деа, 3340 грама, 52 сантиметри со апгар тест 9/10. Те сакаме малечка наша“, напиша Драгана на својот фејсбук-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот