Бред Пит верува дека страда од прозопагнозија: Болест која оневозможува да препознавате лица
Дали ви се случило пред вас да стои некој кој очигледно ве познава, а вие немате поим кој е тој човек? Ако одговорот е потврден, можно е да страдате од прозопагнозија, болест за која медицинските лица велат дека станува многу честа низ светот, а во Велика Британија е почеста и од аутизмот.
Бред Пит (58) неодамна во интервју за „GQ“ изјави дека мисли дека има прозопагнозија, ретко нарушување поради кое луѓето не можат да препознаваат лица.
View this post on Instagram
Бред изјавил дека веќе подолго време има проблем со препознавањето на лицата на луѓето и дека се грижи дека неговото нарушување ќе доведе до тоа луѓето да го гледаат како недостапен, вообразен и недостапен.
Иако на актерот никогаш не му било дијагностицирано ова нарушување, Пит неколку пати истакнал дека има прозопагнозија.
„Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам“ – изјавил актерот во 2013 година за „Esquire“ додавајќи:
View this post on Instagram
„Мислат дека сум егоист и вообразен, но тие ситуации ми се мистерија. Не можам да препознавам лица и дефинитивно ќе морам да се тестирам“, изјавил Пит.
За луѓето со ова ретко пореметување, лицето е неопределен објект, без разлика дали тоа е нивниот одраз во огледало или лицето на членови на семејството, пријатели или странци.
View this post on Instagram
Свесни се дека гледаат лице пред себе, но не можат да го склопат во препознатлива целина. Некои гледаат целосно непрепознатлива слика во лицето, додека други гледаат само одредени црти на лицето.
View this post on Instagram
Статистиката покажува дека 2,5 отсто од луѓето го имаат ова нарушување во поблага или потешка форма, а многумина не се ни свесни дека го имаат овој проблем.