Бразил – Јужна Кореја: Дали е можно најголемото изненадување во историјата на Мундијалите?

Јужна Кореја брка сензација против Бразил на СП 2022/фото: EPA-EFE/YONHAP

Се случува очигледните фаворити да кикснат против аутсајдерите, па денеска ќе видиме дали ова сценарио ќе биде исто и за осминафиналниот натпревар на Светското првенство во Катар помеѓу Бразил и Јужна Кореја (20.00 часот).

Едно е сигурно, Јужна Кореја ќе даде сѐ од себе за да го продолжи престојот во Катар по пласманот во нокаут-фазата.

Ова е нивно 11-то учество на Мундијалите, а најголемиот успех го постигнаа во 2002 година, кога со Јапонија беа домаќини и го освоија високото четврто место. Селекторот на јужноамериканската селекција, Паоло Бенто во составот го има одличниот играч од средниот ред на Тотенхем, Хју-Мин Сон.

Добри вести за Бразил: Нејмар ќе биде спремен за осминафиналето

Бразил, петкратниот победник на Мундијалот според обложувалниците е најсериозен кандидат за трофејот. За „кариоките“ ова им е 22 учество на светските првенства, а последната титула ја освоија во 2002 година.

Бразил и Јужна Кореја никогаш не се сретнале на Мундијалите. Во досегашните седум меѓусебни мечеви (сите пријателски) Бразил е подобар со шест победи, а Јужна Кореја еднаш славеше во 1999 година со 1:0. Последниот дуел го имаа годинава кога Бразилците победија со убедливи 5:1.

ВИДЕО | Катар 2022: Може ли да очекуваме изненадувања во осминафиналето?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот