Добри вести за Бразил: Нејмар ќе биде спремен за осминафиналето

Фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Се најавуваше дека Бразил може да остане без Нејмар до крајот на Мундијалот во Катар, сепак тоа нема да се случи.

Селекторот на бразилската репрезентација, Тите на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Јужна Кореја најави дека Нејмар ќе биде спремен.

„Нејмар веќе тренира со нас, работи нормално. Во зависност од последниот тренинг ќе видиме дали ќе биде со нас. Не сакам да пренесувам лажни информации, па затоа да почекаме. Сакам да видам како ќе се однесува на тренингот, ако биде здрав ќе биде во комбинација за настап“, изјави Тите.

Бразил утре во терминот од 20:00 часот е голем фаворит против репрезентацијата на Јуќна Кореја во рамките од осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот