Братоубиство во САД: „Ги труеше луѓето бидејќи се вакцинираше“

Тројно убиство во Балтимор/ Фото Screenshot NBC News

Американец обвинет за убиство на три лица, вклучувајќи го и неговиот брат, кој бил фармацевт, изјавил дека според него неговиот брат, со тоа што се вакцинирал им наштетувал на другите луѓе, се вели во судските документи.

Џефри Барнам (46) бил уапсен во петокот за убиство на неговиот брат, сопругата на неговиот брат и уште една жена, пишува Ен-Би-Си.

Телата на Брајан Робинет (58) и Кели Сју Робинет (57) биле пронајдени синоќа во нивниот дом во близина на Балтимор. Ребека Рејнолдс (83) била пронајдена мртва претходната ноќ во Камберленд, а нејзиниот автомобил бил украден, соопшти полицијата. Рејнолдс порано одела на училиште со мајката на Барнам.

Џефри Барнам. осуден за тројно убиство/ Фото Allegany County Detention Center

„Брајан знае нешто“

Барнам, кој живее во Камберленд, бил уапсен минатиот петок во Западна Вирџинија. Тој е обвинет за повеќекратно убиство, а моментално е во притвор.

Судските документи не го кажуваат мотивот за убиствата, но мајката на Барнам и кажала на полицијата дека тој имал намера да се судри со својот брат бидејќи верува дека ги труел луѓето со вакцината против коронавирусот и дека неодамна рекол „Брајан знае нешто“.

Неговата мајка ја контактирала полицијата бидејќи Барнам исто така сметал дека го гони ФБИ.

По убиствата, Барнам наводно го зел автомобилот на неговиот брат и застанал кај нечија куќа барајќи бензин. Додека бил таму, тој му рекол на лицето што му ја отворил вратата дека ќе го види на телевизија и дека неговиот брат „убива луѓе со вакцината против ковид“. После тоа, човекот повикал полиција.

За време на апсењето, Барнам признал дека убил три лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот