Фотографија од наводниот напаѓач објавена на социјалните мрежи / Фото: Фејсбук

„Брат ми се бори за живот, а напаѓачот се шета по Грција и става слики на Инстаграм“: Граѓанин го прозва Тошковски

Една недела по крвавиот напад со нож по кој неговиот брат се бори за живот, граѓанин јавно го прозва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, полицијата и надлежните институции, наведувајќи дека напаѓачот кој се обидел да го убие брат му, прободувајќи го со нож, е пуштен да биде слободен и да се шета низ Грција.

Еве ја во целост неговата објава:

„Брат ми е во болничка постела и е жив благодарение на докторите кои 9 часа го оперираа. Прободен со нож, неподвижен и со неизвесна иднина, убиецот во обид, Цветко, слободно се шета низ Грција и објавува слики на Инстаграм. Наместо да биде во притвор за обид за убиство, тој ужива во слобода. Наместо да му бидат одземени патните исправи, државата му дозволува да патува како ништо да не се случило. Зарем требаше да биде убиен за Цветко да биде процесуиран и притворен? Дали само одземен живот е црвена линија некој да се смести во притвор, а потоа во затвор? Ова не е правда. Ова е срам. Ова е пораз на системот, на полицијата, на обвинителството и на државата која тврди дека е правна. Pance Toskovski, Министре, каде е законот кога жртвата е во болница, а насилникот на одмор? Каде е државата кога семејства страдаат, а сторителите се наградуваат со слобода? Ние не бараме милост, бараме правда. И нема да замолчиме додека не ја добиеме“, вели граѓанинот во објавата, во која има фотографија од наводниот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот