Борисов: Замислете јас да пратам шпион кај Путин, протерувањето би било најлесното нешто што ќе му се случи

Мојата земја никогаш не била заложник на притисоците кога станува збор за протерувањето руски дипломати, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод информациите дека бугарските власти протерале руски дипломат под сомнение за шпионажа..

-Претседателот Путин ме познава многу добро, тој знае и дека јас не сум подложен на притисоци. Кога на сите им наредуваа да протеруваат дипломати, јас не го сторив тоа. Сепак, ние сега фативме еден дипломат вклучен во шпионажа и одлучив веднаш да го решам прашањето. Замислете јас да испратам некој свој човек што би регрутирал луѓе во администрацијата на Путин, протерувањето би било најлесното нешто што би му се случило- додаде Борисов.

Руската амбасада во Бугарија добила нота од бугарското Министерство за надворешни работи во која вработен во амбасадата се прогласува за непожелно лице, а дипломатот ќе ја напушти земјата во рокот назначен во нотата, соопштија од амбасадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот