Борел: Турските незаконски испитувања на гас во Кипар треба да запрат

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вчера во Никозија изјави дека треба да запре незаконската експлоатација на гас во близина на Кипар.

– Турските незаконски испитувања треба да запрат, напиша Борел на Твитер по средбата со шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис.

Борел и Христодулидис разговараа за „зајакнување на регионалната стабилност” и за деескалација на тензиите.

– Демаркацијата на ексклузивните економски зони, кои ги Турција, мора да биде спроведена во целосна согласност со меѓународното право и добра волја, како што е предложено од Кипар, истакна Борел.

Додека Христодулидис истакна дека Турција веќе шестипат незаконски ги испитува наоѓалиштата на гас, со што ги крши суверените права на Кипар и продолжува да го дестабилизира регионот.

– На активностите на Турција во морската зона на Кипар не може да се гледа изолирано… тоа е дел од алармантно однесување, посочи Христодулидис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот