Борбата за школување во Венецуела

Празна училница/ Фото EPA-EFE/CRISTIAN HERNANDEZ

Можноста за школување во Венецуела стана доста тешка и мачна. Сè повеќе наставници даваат отказ и не одат на работа, а главна причина е бидејќи тие воопшто не се платени. Учениците доаѓаат од сиромашни семејства кои немаат доволно пари за да ги нахранат, пишува Би-Би-Си.

Земјата беше успешен производител на нафта, но потона во сиромаштија по лошото управување на владата и последователните американски санкции.

„Го напуштив училиштето бидејќи татко ми почина“

Младиот Јолбенис (14) е ученик кој живее во проблематичниот град Маракаибо, еден од најнасилните во јужноамериканската држава.

„Сакам да продолжам да учам. Го напуштив училиштето бидејќи татко ми почина“ вели младиот Јолбенис.

Локален бокс клуб му помага на детето да тренира бесплатно, за да не остане на улица. Тој работи физичка работа од свои 10 години. Тој собира и продава разни метали за да му помогне на своето семејство.

„Мајка ми сака да продолжам на училиште за да не седам овде. Сум видел и држел пиштол, тука секојдневно има пукотници, тоа не е ништо ново. Некогаш морам да крадам за да го наранам семејството. Некогаш јадеме еднаш дневно, некогаш ни толку“ додаде Јолбенис.

Недостатокот на храна го прави учењето потешко

Речиси 120.000 деца во Венецуела гладуваат. Директорката на едно основно училиште, Раниела (61) вели дека таа сака да ги врати децата во училиштата, но состојбата е премногу тешка. Таа спие во училиштето бидејќи нема пари да си дозволи превоз до дома.

„Спиев на стол речиси два месеца. Веќе немам пари за да си дозволам превоз до работа“ вели директорката.

Поради големата миграција, бројот на ученици во училиштата во Венецуела е значително помал. Покрај учениците, има и голем недостаток на наставници, кои исто така ја напуштиле државата.

Учиниците чекаат на ред за да слушаат предавање

„Добро ми оди, но многу ми недостасува семејството. Кога ќе ги видам децата, сакам да им помогнам, тоа ми е работа“, вели Раниела.

Поранешна учителка, Александра (42) вели дека училиштата не се функционални и дека тие не плаќаат на време.

„Со недостатокот на гориво, патувањето до работа стана многу тешко. Тоа што ме плаќаа воопшто не беше доволно“ вели поранешната учителка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот