„БОМБА“ ОД РУСИЈА: Шпионот Скрипал е жив?!

Популарен руски дневник објави аудио снимка со глас, за кој тврди дека му припаѓа на двојниот шпион Сергеј Скрипал.

Ако биде потврдена неговата автентичност тоа ќе биде прв доказ дека Скрипал е жив, од кога беше отруен минатата година во Солсбери, Англија.

Таблоидот „Московски Комсомолец“ на својот интернет сајт објави снимка од 30 секунди, пишувајќи дека станува збор за снимена порака која Сергеј и ја упатил на својата внука Викторија, која живее во Русија.

Според пишувањата на весникот, Скрипал ја повикал својата внука на 9 мај по повод победата над нацистите во Втората светска војна.

„Се е добро со мене, јас и Јулија сме во ред“, рекол наводно Скрипал во аудио снимката.

Скрипал и неговата ќерка Јулија, според соопштението на британските власти, починаа во болницата минатата година откако беа отруени во парк во Солсбери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот