БОЛНИ ОД РАК чекаат резултати од магнет ПО ЕДЕН МЕСЕЦ: Ако сакаат побрзо, нека замолат

Пациентите се револтирани што резултатите од радиолошките испитувања особено снимките од магнетна резонаца и компјутерска томографија ги чекаат долго, време најмалку една недела, а некогаш и по повеќе од еден месец.

– Се снимав на 28 август, а на 3 октомври снимката уште не ми е готова. Прашувам како не се готови, а наместо одговор ме праќаат на спрат. Се качив каде што ме упатија и таму пак ми викаат не се готови, барај ја шефицата да прашаш зошто. Шефицата ја нема и на крај ме испратија со објаснување дека ќе ми се јават – вели пациентка која боледува од рак.

Директорот на Клинката за радиологија, Даниел Ѓурчинов, објаснува дека во најголем број од случаите, резултатите се готови за пет до шест дена.

– Но не можам да кажам дека нема случаи кога се чека и подолго, особено ако се годишни одмори, одреден лекар не е на работа, се поклопи со дежурство. Но секогаш имаме разбирање ако ситуацијата е итна, ако пациентот се спрема за операција или некоја друга медицинска процедура. Во тој случај се прават напори резултатите да се изработат и побрзо – вели Ѓурчиновски.

Најдолго се чекаат резултати за компјутерска томографија, како и ангиографија.

Ваква е ситуацијата и во другите болници, каде исто така се чека за најмалку десетина дена за добивање на резултат.

За разлика од тоа, ако се снимате во некоја приватна болница, тогаш резултатите ги добивате веднаш по снимањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот