„Боинг“ започнува со исплаќањето компензации на семејствата кои загинаа во несреќите на нивните авиони

Производителот на авиони „Боинг“ ќе започне со исплаќање на 50 милиони долари финансиска помош на семејствата на повеќе од 300 жртви во двате несреќи на нивниот модел „737 Макс“, објави компанијата, а пренесува Си-ен-ен.

Фондот за финансиска помош на „Боинг“ за семејствата на жртвите е половина од ветените 100 милиони долари за „финансиските потреби на семејствата и заедницата која е погодена од трагедиите“.

Американската компанија посочи дека другата половина на фондот ќе поддржува образовно и економско ојачување на семејствата на жртвите. Пресметките покажуваат дека секое семејество на 346-те жртви ќе добие 144.500 долари, објави „Ројтерс“.

Во јули, „Боинг“ ги ангажираше адвокатите Кенет Феинберг и Камил Бирос за да создадат формула која ќе одлучува како парите ќе бидат распоредени на семејствата.

Генералниот директор на компанијата Денис Муиленберг изјави дека отворањето на фондот е „важен чекор во обидите да им се помогне на засегнатите семејства“.

– Неодамнешните трагедии со моделот „737 Макс“ ни тежи на сите нас во „Боинг“, и продолжуваме да сочувствуваме со семејствата и саканите на оние кои беа во авионите – стои во изјавата на генералниот на „Боинг“.

Сепак, веста за фондот не беше добро примена од страна на роднините на жртвите.

Боб Клифорд, кој претставува дузина од семејствата засегнати од падот на „боингот“ на „Етиопиан ерлајнс“, претходно овој месец изјави за Си-ен-ен дека компензациите на компанијата изгледаат „неискрени“ и „нејасни“.

За потсетување, сите модели „737 Макс“ на „Боинг“ беа приземјени во март, откако летот 302 на „Етиопиан ерлајнс“ се сруши набрзо по полетување, убивајќи ги сите 157 луѓе биле во авионот. Оваа несреќа дојде пет месец по падот на летот 610 на „Лајон ер“ кој исто така беше модел „737 Макс“, во октомври 2018 година. И во оваа несреќа загинаа сите 189 луѓе кои беа во авионот.

Компанијата се соочува со неколку тужби и федерални истраги поврзани со моделот „737 Макс“, и нејасно е кога моделот ќе добие одобрение повторно да се врати на аеродромите ширум светот. Според некои информации, „737 Макс“ ќе се врати на небото во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот