Богови на сексипилот! 3 најсексипилни хороскопски знаци!

Ова не е генерално правило, бидејќи и останатите знаци имаат вакви претставници, но сепак следниве три знаци отскокнуваат од толпата и се издвојуваат. Се согласувате?

Скорпија

Богот на сексипилот! Точка. Доколку некогаш сте биле во врска со скорпија, тогаш со сигурност ја знаете нивната моќна привлечност. Дури и оние не толку атрактивни скорпии имаат некоја изразена аура и моќ која ја користат за заведување. Доколку вас ве замислат како потенцијален партнер, со сигурност ќе ве освојат. Додека да го сфатите нивниот план, веќе сте се заљубиле. Доколку некој ве праша што е тоа што вашата скорпија ја прави толку посакувана, можно е да не знаете како тоа да го објасните. Покрај силната привлечност, родените во овој знак се многу лојални пријатели, големи херои и посветени работници. Доколку сакате да заведете скорпија, облечете нешто црно, особено долна облека. Тие сакаат уметнички настроени и малку проблематични луѓе.

Лав

Родените во овој знак се вистински трнедсетери кои ги познаваат сите кул места во градот. Доколку сакате убаво да си поминете, секогаш за друштво одберете лав и нема да се покаете. Ќе ве освои со многу работи кои ќе ги направи за вас и со тоа ќе ве купи за цел живот. На голем број луѓе токму тоа количество внимание им е пресудно за да се заљубат. Исто така, тие прават сѐ подобро од другите, а на вас е да им поставите предизвик. Тие имаат насмевка која ќе ве разоружи, а понекогаш само тоа им е доволно за да ве однесат во нивниот кревет. Доколку сакате да го заведете умилкувајте му се и ласкајте му. Лавот тоа го обожава.

Рак

Тајното оружје на ракот не е ниту неговиот изглед, ниту неговата насмевка, туку неговиот хумор. Исто така, тие се многу емотивни и никогаш нема да ја заборават вашата годишнина, роденден или некој друг важен ден. Мана им е тоа што имаат променливо расположение, поради кое понекогаш имате чувство дека ќе завршите во лудница. Но, доколку можете да ги поднесете, тогаш ќе имате загарантиран пријател кој секогаш ќе знае да ве изненади со своите кулинарски способности. Обожаваат сексуални игри и фантазии и не се плашат да бидат малку груби, доколку вие го сакате тоа. Доколку сакате да го освоите, покажете ги вашите чувства пред него. Доколку ви се плаче, слободно направете го тоа, бидејќи тој сака да биде во улога на спасител и да ве теши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот