Богоевски: Димче лажго еден, ако сакаш да се бавиш со агресија, тоа можеш да си го правиш преку твојата фашистичка партија

Димче, ако сакаш да се бавиш со агресија, тоа можеш да си го правиш преку твојата фашистичка партија – не преку искривување на значењето на Шарена Револуција. Лажго еден, се огласи со реакција пратеникот Павле Богоевски по говорот на лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев.

-Сакајќи да ги оправда повиците за висење и бесење на Филипче, Апасиев од говорница се повика на Шарена Револуција, дека наводно и таму сме повикувале некој да виси или да биде обесен. Не е точно дека сме користеле такви слогани на Шарена. Напротив, еден од трите принципи беше дека борбата мора да биде НЕНАСИЛНА. Најголемите внетрешни битки со крилото на Димче беа за токму тоа дека и една капка крв подарена на режимот е премногу. Тој не го делеше тој став. Можеби бидејќи неговата крв никогаш и не беше доведена во прашање. Така да, Димче – ако сакаш да продолжиш да се бавиш со агресија и повикување на насилство, тоа можеш да си го правиш преку твојата фашистичка партија – не и преку искривување на значењето на Шарена Револуција. Лажго еден, се огласи Богоевски на својот фејсбук профил.

Сакајќи да ги оправда повиците за висење и бесење на Филипче, апасиев од говорница се повика на Шарена Револуција, дека…

Posted by Pavle Bogoevski on Thursday, March 25, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот