Богдановиќ во Атланта: Верувам дека ќе ми помогне Перо Антиќ!

twitter/TSD NBA

Богдан Богдановиќ одлучи од следната сезона да игра за НБА екипата на Атланта  за која ќе се информира од поранешниот македонски репрезентативец и сегашен претседател на федерацијата, Перо Антиќ кој своевремено како играч ги бранеше боите на Хокси.

Воедно 28-годишниот српски кошаркар зборуваше дека сака во иднина да биде уште подобар на натпреварите.

До сега во професионалната кариера беше дел од Сакраменто кингс, Фенербахче и Партизан.

Засега, тој вели дека немал време да ја посети Атланта, но ќе има информации од прва рака за градот..

– Во моментов барам стан, немав толку време за посета на градот. Еден мој пријател играше овде. Разговарав со Перо Антиќ, играв со него во Фенербахче. Ми кажа многу добри работи за Атланта. Беше лут кога ја напушти Атланта, но беше возбуден кога дојдов овде и верувам дека ќе ми помогне – вели Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот