Богдановиќ со рекорд на кариерата во НБА! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во рамките од НБА лигата играчите на Сакраменто го совладаа Њу Орлеанс со резултат 140:125 најмногу благодарение на феноменалната партија на Богдан Богдановиќ.

Српскиот репрезентативец имаше одлична шутерска вечер, па во дресот на Кингси го одигра најдобриот натпревар во НБА кариерата.

Богдановиќ одигра одлична прва четвртина во која Сакраменто постигнаа дури 49 поени. Србинот запиша 19 поени (без промашување од игра, вкупно пет тројки), а потоа во завршницата покажа дека не го интересира статистиката, откако во последните секунди шутираше од својата половина.

На крајот, Богдановиќ реализираше вкупно 35 поени на дуелот против Пеликанси, со шест тројки од девет обиди, а воедно додаде три асистенции, четири скокови и една украдена топка.

Фокс придонесе со 30 поени и 10 асистенции, а на спротивната страна во поразената екипа Вилијамсон и Инграм забележаа по 24 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот