Бобан Илиоски без пласман на Летните олимписки игри во Париз

фото: instagram.com/urkourko

Бобан Илиоски, кој во 2022 година беше европски шампион во кик-бокс, а во 2023 година стана и светски шампион во кик-бокс, годинава одлучи да настапи во предолимпискиот турнир во бокс за пласман на Летните олимписки игри во Париз.

Македонецот на турнирот во Бусто Арсизио беше поразен уште на првата пречка од Патрик Барон од Велика Британија по одлука на судиите.

Судиите прогласија победа во корист на Британецот (30:25, 30:24, 30:25, 30:26 и 30:24).

Илиоски настапи во категоријата до 92 килограми во која беа пријавени 44 боксери од светот, а само четворица од нив ќе учествуваат на ЛОИ 2024.

Илиоски беше единствениот македонски претставник на квалификацискиот турнир во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот