Боб Дилан ги разочара фановите со испечатени автограми, а потоа им се извини

боб дилан
Фото: EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Американскиот кантавтор Боб Дилан беше принуден да им се извини на обожаватели за, како што рече, „погрешните проценки“ откако се докажа дека користел таканаречен „автопен“, односно машина која автоматски репродуцирала потписи на голем број примероци од неговата нова книга, иако тие биле најавени како „рачно потпишани“.

Обожавателите кои платиле 599 долари за една од 900-те копии на новата книга на Дилан – „Philosophy of Modern Song“, биле многу разочарани откако сфатиле дека секој примерок од книгата има речиси идентичен потпис, пишува „Си-ен-ен“.

По бројните реакции, Дилан се огласи на социјалните мрежи и им се извини на разочараните обожаватели. Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, Дилан вели дека страда од тешка вртоглавица, што го спречило да ги потпишува книгите со рака.

„Со години го потпишував секој уметнички принт рачно и никогаш до сега немав проблем со тоа,“ напиша тој на својата Фејсбук страница. „Но, во 2019 година почнав да страдам од тешка вртоглавица што продолжи дури и во екот на пандемијата. Ми требаа најмалку пет соработници да ми помогнат да потпишувам, што беше невозможно во времето кога беснееше вирусот.“

Тој додаде дека врз него вршеле притисок договорните рокови и дека колегите го советувале да користи „автопен“. Ме уверуваа дека во светот на литературата и уметноста постојано се прават такви работи.

„Но, тоа беше погрешна проценка и сакам веднаш да ја поправам. Работам со издавачката куќа Simon & Schuster („Сајмон и Шустер“) и со моите партнери за да ја исправиме и изразувам најдлабоко жалење“, напиша тој.

Издавачот продаде 900 потпишани примероци од новата збирка есеи на пејачот, но суперфановите и т.н. интернет-детективи забележаа дека нешто не е во ред со автограмот. Сега издавачот издава поврат на средствата, дознава „Њујорк тајмс“.

Оттаму признаа дека потпишаните примероци од новата збирка есеи на Дилан, го имаат потписот на пејачот „во форма на испишана реплика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот