Боатенг ја напушти Барселона
Боатенг минатата сезона ја помина во дресот на Барселона како позајмица од редовите на Сасуоло.
Својата кариера нема да ја продолжи на „Камп Ноу“, тоа денеска го потврди играчот на својот „Инстаграм“ профил.
Сега единствената негова грижа е Сасуоло каде што ќе мора да се врати после завршувањето на договорот со Барселона која не сакаше да го откупи неговиот договор.
На сите им се заблагодари кои учествуваа во неговата аклиматизација во тој клуб во периодот од шест месеци. Сасуоло се надеваше дека може да заработи осум милиони евра, но ќе мора да го продаде на друго место.
Се шпекулира дека можно е екс репрезентативецот на Гана да ја продолжи клупската кариера во турскиот Бешикташ.