Блинкен: Намерата на Кремљ да ја затвори „Меѓународен Меморијал“ е нов напад на слободата на говорот во Русија

Ентони Блинкен/ фото: ЕПА

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ги обвини руските власти за нов обид за ограничување на слободата на говорот во Русија, а е поврзан со намерата на Кремљ да ја затвори „Меѓународен Меморијал”, најпочитуваната и најавторитетна организација за заштита на човековите права во земјата.

Власта во Москва ја обвинија „Меѓународен Меморијал” за нарушување на таканаречениот закона за „странски агенти”.

– Тужбите на руските власти за затворање на „Меѓународен Меморијал” и центарот за човекови права „Меморијал” е уште еден напад на слободата на говорот. Русија треба да престане со судските процеси и да запре со злоупотребата на своите закони за „странски агенти” за прогон, стигматизација и задушување на гласот на граѓанското општество, се вели во твит испратен викендов од Блинкен.

Минатата недела стана извесно дека државното обвинителство на Русија поднело тужба до Врховниот суд за ликвидација на „Меѓународен Меморијал”. Официјалната одлука на органот е заснована на тоа дека организацијата систематски ги нарушувала законите за странски агенти, со тоа што наводно не ги обележувала своите материјали согласно законот.

Ова го пренесе самата организација. Судското рочиште е закажано за 25 ноември.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот