Блинкен на шестата годишнина од убиството на Борис Немцов: САД се длабоко загрижени за нетолеранцијата на Русија кон слободата на говорот

Државниот секретар Ентони Блинкен изјави дека Соединетите Американски Држави се „длабоко загрижени” од растечката нетолеранција на Русија кон слободата на говорот, на шестата годишнина од убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов.

Немцов, противник на претседателот Владимир Путин, беше убиен на мост во Москва во близина на Кремљ, на 27 февруари 2015 година.

– Сè додека се сеќаваме на Немцов, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на човековите права и основните слободи. Ние остануваме длабоко загрижени од растечката нетолеранција на руската Влада кон сите форми на независно изразување, рече Блинкен во писмена изјава.

Неколку илјади Руси, заедно со западни дипломати, се собраа во Москва за да ја одбележат годишнината, положувајќи цвеќиња на импровизиран споменик на местото каде што Немцов беше убиен.

Како што пренесуваат странските агенции, Блинкен му оддаде почит на Немцов како човек кој „својот живот го посвети на градењето слободна и демократска Русија”.

– Оние кои зборуваат во одбрана на своите слободи и демократија во Русија и понатаму се мета на напади и убиства. Рускиот народ заслужува повеќе, додаде Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот