Блинкен – Кулеба: Секој упад на руска војска во Украина ќе биде пресретнат со брз одговор од САД

Ентони Блинкен и Димитриј Кулеба
Ентони Блинкен и Димитриј Кулеба / Фото: EPA-EFE/FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Димитриј Кулеба, фокусиран на руското воено натрупување на украинската граница.

Во текот на разговорот, секретарот го брифираше министерот за средбите со сојузниците и со руски официјални лица неделава во Берлин и Женева, истакнувајќи дека каков и да било упад на руска војска би бил пресретнат со брз, жесток и обединет одговор од САД и сојузниците, соопшти портпаролот Нед Прајс.

– Државниот секретар повторно истакна решителната поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и укажа дека нема да се донесе одлука за Украина без Украина, изјави Прајс.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот