„Блескавата ѕвезда“ на Азија погодена од најтешка рецесија во историјата

Сингапур / Фото Архива на СП

Моменталната економска криза Сингапур го погоди потешко отколку многу други азиски земји.

Економијата на Сингапур, кој поради економската успешност во минатото беше наречен „блескава ѕвезда“ на Азија, западна во длабока рецесија во вториот квартал говинава.

До ваквата ситуација дојде по долготрајните мерки за изолација воведени поради пандемијата предизвикана од новиот корона вирус.

Како што наведува „Би Би Си“, нивото на БДП на Сингапур опадна за 41,2 отсто во однос на првиот квартал годинава, што пак е најголем пад забележан во историјата на овој град – држава, односно за 12,6 отсто на годишно ниво.

Сингапур / Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Експертите предвидуваат дека Сингапур ќе биде погоден од најтешка рецесија од 1965. година кога се стекна со независност од Малезија.

Сингапур е една од првите држави во светот која објави статистика за економскиот раст во вториот квартал, и во кој економиите на голем број земји беа во блокада поради пандемијата, а податоците се полоши од очекуваните.

Претходно БДП на Сингапур во првиот квартал забележа пад од 2,2 отсто на годишно ниво, намалувајќи се за 10,6 отсто во однос на претходниот квартал.

Сингапур / Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Падот на обемот на тргување во светот негативно влијаеше на извозно зависниот дел од економијата на оваа земја, а градежната индустрија е во стагнација, малопродажниот сектор се соочува со рекорден пад.

Според тоа би можело да се извлече заклучок дека моменталната економска криза Сингапур го погоди потешко отколку многу други азиски земји.

Од „златен пример“ паднаа „на колена“: Новите случаи на корона ги откриваат двојните стандарди на Сингапур (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот