Блажевска-Еминова во Рим постави нов младински и апсолутен рекорд

Фото: facebook.com/pvkorionskopje

Како што известуваат од „ПВК Орион“ – Скопје нов одличен резултат оствари една од нашите најголеми надежи во пливањето, Миа Блажевска-Еминова.

Таа во утринските квалификации на Европското Младинско првенство во пливање кое се одржува во Рим (Италија) постави нов Младински и Апсолутен рекорд на Македонија.

Нејзиното време во дисциплината 50 метри грбно е 30,54 секунди и го освои третото место во групата. Севкупно го освои 27 место од вкупно 34 натпреварувачки во настапиле во квалификациите.

Најавите се дека утре Миа ќе биде дел од трката на 50 метри слободен стил.

Во изминатиот период Македонскиот олимписки комитет информираше дека Блажевска-Еминова е предложена од МОК и ФИНА да биде наша претставничка во пливање на Летните олимписки игри во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот