Благодарност до возачот што ме пушти да поминам на пешачки

Една од работите која секогаш одново ме воодушевува (а применлива е за се во нашава секојдневна живеачка) е дека секој возач е во право.

Скопје е преполно со добри возачи кои лошо возат. Уште од тинејџери тие едвај чекаат да седнат зад воланот за да се преточат во толпата која по цел ден се брза некаде, како да е крајот на светот. Правилата се тука со причина, ама многумина не само што не ги почитуваат, туку и возачите, но и пешаците гледаат да ги прекршат во секоја дадена прилика. И притоа ако е можно, да поминат без казна.

Таква ни е сообраќајната (не)култура. Пешачките премини можеби треба да бидат преименувани или да им се даде додавка „повремени“,  бидејќи многу ретко пешаците се тие кои имаат предност. Па дури кога е таков случајот, тие се вртат накај возачите што ќе запрат со автомобилот пред пешачки, да ги погледнат, за секој случај,  дали навистина добиле дозвола да поминат. А тие, господарите на улиците, ќе посочат со раката одобрувајќи, како да направиле некое чудо. А всушност, само го испочитувале правилото. Епа, голема благодарност навистина, извинете што ви скративме цели три секунди од вашето драгоцено време.

Прочитајте и...  Граѓаните индиректни жртви во директната мала „војна“ помеѓу телевизиите и кабловските оператори

А свирките? Ах, тие незаборавни делови од секој автомобил. Па како и би ги заборавиле, кога секој возач постојано не потсетува дека ја има. Свирките се можеби и најкористен дел од автомобилот на просечен скопски возач. Не сте сигурни дека е така? Пробајте да поминете низ Центар некое попладне. Додека сте заглавени во сообраќајот, сигурен сум дека ќе успеете цела симфонија да слушнете.

Една од работите која секогаш одново ме воодушевува (а применлива е за се во нашава секојдневна живеачка) е дека секој возач е во право. Покрај свирките, и пцовките се често неизоставен дел од скопската возачка шема. Така што, доколку мислите дека сте поминале со автомобилот низ град, а вашето постоење и на некој најблизок член од вашата фамилија не било спомнато од нечија уста, тогаш сте во голема заблуда. Летаат пцовки и се „силува“ свирката доколку –  застанеш пред некого, доколку не тргнеш во истата секунда кога ќе светне зелено на семафорот, доколку тој помине на црвено бидејќи те чекал.

Прочитајте и...  Силен ветер во Скопје вечерва корнеше покриви од згради и дрва (ФОТО+ВИДЕО)

А да се обидете следниот пат кога ќе возите да бидете потрпеливи или пак ако доцните да излезете порано, бидејќи исто како вие што имате луѓе кои се грижат за вас и вие за нив, така имаат и останатите членови на сообраќајот.

Брзото, лошо и нервозно возење не значи побрзо стигнување на целта. За жал, некогаш не се ни стигнува. Доволно е да се погледне црната полициска статистика.

Прочитај повеќе

Негативен резултатот на последното лице што се тестираше за коронавирус

Слободен печат

Вархељ: Преговорите со Северна Македонија и Албанија можат да се отворат за неколку недели

МИА Агенција

Наспроти новите случаи, смирени страстите на Балканот

Слободен печат

Баксузот на ВМРО-ДПМНЕ

Џабир Дерала

Шефот на СЗО: Сега не е време за страв, сега е време за преземање акции за да се спасат животи

МИА Агенција

Се чекаат тестовите за присуство на коронавирус на уште едно лице кое дошло од Рим

Слободен печат

1 comment

Liljana 20/01/2020 - 19:59 at 19:59

Alek, ne gi zaboravaj pesacite koi pominuvaat na crveno bez oko da im trepne.
Pozdrav

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Во домашна изолација се 12 лица, меѓу кои две деца

Слободен печат

И коронавирусот во предизборна кампања

Чулев: За 7 до 10 дена ќе пристигне првата пратка со патни исправи

Слободен печат

Операторите од понеделник на полноќ ќе прекинат да ги реемитуваат ТВ каналите

Слободен печат

Мицкоски: СДСМ молеа Бога да се случи коронавирусот за ВМРО-ДПМНЕ да не може да протестира со народот

Слободен печат

Касами: Во коалицијата се добредојдени сите партии посветени на евроатлантскиот пат

Слободен печат