Бизарно: Кој ќе биде најдобриот стрелец на „Копа Америка“?

twitter.com/tridenteweb

Јужноамериканското првенство „Копа Америка“ вечерва ќе го има својот крај со финалната пресметка, а веќе го знаеме победникот на третото место.

Интересна е и борбата за титулата најдобар стрелец, на врвот моментно се наоѓаат дури 14 фудбалери. Во досегашниот дел од натпреварувањето ниту еден фудбалер не постигнал повеќе од два голови.

Принтскрин/Wikipedia

Не постои критериум кој би ги разделил и во случај да не дојде до промена и 14 репрезентативци би ја поделиле титулата најдобар стрелец на „Копа Америка 2019“.

Со оглед на тоа што девет од нив веќе го завршија настапот, петмина можат да ја направат разликата. Тие се Роберто Фирмино, Евертон и Филипе Кутињо од редовите на Бразил, како и Едисон Флорес и Гереро од Перу.

Да додадеме уште дека ѕвездата на Барселона не се наоѓа на оваа листа, тој го заврши настапот со само еден погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот