Били Ајлиш откри зошто повеќе не ги чита коментарите на социјалните мрежи

profimedia

Музичката сензација, 18-годишната Били Ајлиш, во интервју за медиумите откри дека повеќе не чита коментари на социјалните мрежи, посебно оние кои се актуелни на нејзиниот профил на Инстаграм.

Во интервју за Би-би-си, Били Ајлиш доби прашање за тоа дали ги чита сите коментари на Инстаграм кои се однесуваат за неа, а пејачката одговори дека не чита ништо на социјалните мрежи. 

View this post on Instagram

???

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish) on

Тоа ми го уништуваше животот, одново и одново – вели славната Били.

Нејзиниот брат Финеас, кој исто така соработува со Били, вели дека и познатите се само обични корисници на социјалните мрежи и ги погодува тоа што таму постојано се пишува за нив.

Во истото интервју, Били и Финеас открија дека песната за новиот Бонд ја напишале и продуцирале за само три дена.  

Идејата за оваа нумера ја добиле додека се возеле во автобус, а песната под наслов „No time to die“ веќе доби многу позитивни критики во јавноста. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот