БИЛД ЈА НАПАДНА ПАРТИЈАТА НА МЕРКЕЛ: Намерно не откривате од што боледува канцеларката
Најчитаниот германски таблоид, Билд, денеска ја обвини владејачката Христијанско-демократска Унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, за „цензура“, поради тоа што таа веќе три пати е забележана како се тресе на јавни настани.
Билд на својот сајт пишува дека се чувствува навредено бидејќи ЦДУ се однесува „како Меркел никогаш да немала три напади на тресење во јавноста“.
И додека германските и странските медиуми се распрашуваат за здравјето на канцеларката, Билд пишува дека тоа е „табу тема“ за владејачката партија.
Според пишувањата на Билд, мистериозните напади на тресење кои ги добива Меркел се топ тема во германските медиуми.
Канцеларката после последниот случај со тресење, изјави дека „се чувствува многу добро“.