ТРЕТПАТ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Меркел повторно се тресеше, се зголемува загриженоста за нејзиното здравје (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е снимена како неконтролирано се тресе. Таа стоела покрај финскиот премиер Анти Рине кого го примила во гости во Берлин и повторно изгледала дека не и е добро.

На видеото се гледа како неконтролирано се тресе.

Ова е трет пат во последниот месец како Меркел има проблеми и се тресе додека стои.
Првиот пат тоа и се случи на 18 јуни кога го пречека новиот ѕкраински претседател Володимир Зеленски.

Десетина дена подоцна повторно и се слоши додека стоела покрај германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот