Меркел: Одговорно се однесувам кога е моето здравје во прашање – Слободен печат
ВестиПланета

Меркел: Одговорно се однесувам кога е моето здравје во прашање

Таа рече дека наредната недела ќе го прослави 65.роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, идната недела ќе го прослави 65-тиот роденден, па по тој повод одговараше на неколку новинарски прашања.

Меркел исто така зборуваше и за своето здравје, откако веќе во три ситуации се тресеше за време на јавни насташи.

– Прво, можете да разберете дека сум свесна за одговорноста на мојата работа. Одговорно се однесувам кога моето здравје е во прашање – одговори Меркел на новинарско прашање за нејзиното здравје на заедничката прес конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

Таа рече дека наредната недела ќе го прослави 65.роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.

– И јас лично сум заинтересирана да бидам здрава и се грижам за своето здравје – истакна Меркел.

Германската канцеларка и данската премиерка денеска седеа за време на интонирањето на химните во Берлин.

Меркел притоа не покажа симптоми за лошо здравје, но со гостинката седеше пред зградата на Владата во Берлин, што е невообичаено за време на укажување воени и државни почести.

Канцеларката вчера, за време на воените почести при приемот на финскиот премиер Анти Рине, повторно не се чувствуваше добро и трепереше.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close