Безос планира да инвестира милијарда долари, но трговците може да го пречекаат „на нож“

Фото: МИА

Според проценките на Амазон, компанијата до крајот на 2025 година би требало да продадени индиска стока во вредност о 10 милијарди долари.

Директорот на Амазаон, Џеф Безос најави дека во Индија ќе инвестира милијарда долари, бидејќи според него, 21 век ќе биде век на таа држава.

Најголемиот дел од инвестициите кои Безос ги планира во Индија ќе бидат во делот на дигитализација на малите и средните претпријатија. Токму дигитализацијата на овие претпријатија ќе овозможи тие да се приклучат на продажбата на интернет.

Според проценките на Амазон, компанијата до крајот на 2025 година би требало да продадени индиска стока во вредност о 10 милијарди долари.

Сепак, најавите на Безос може и да не се остварат, бидејќи голема е веројатноста во Индија да биде пречекан „на нож“. Илјадинци мали трговци во околу 300 градови планираат да протестираат против негативните влијанија на Амазон.

Велат дека компанијата ги оставила без работа, бидејќи Амазон на интернет просторот ги нуди речиси истите производи по значително пониски цени.

Во моментот на пазарот на малопродажба преку интернет доминираат две американски компании, Амазон и Флипкарт, која е во сопственост на ланецот на маркети Волмарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот