Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Сарај

Далновод / Фото: EPA

Без електрична енергија утре, 25 февруари, од 9 до 11 ќе останат корисниците од ул. „Хаванска” бр.3 и ул. „Варшавска” бр.9. во општина Карпош, соопшти РЦУК по добиено известување од „ЕВН Македонија”.

Од 9 до 13 часот утре струја ќе немаат дел од корисниците од ул. 5 во село Усје, како и објектот за деца со посебни потреби во општина Кисела Вода. Од 9 до 15 часот, без струја ќе биде и објектот на наплатната рампа Арнакија, како и корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во општина Сарај.

РЦУК информира дека без електрична енергија утре од 9.30 до 11 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Свиларе во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30 часот дел од корисниците од бул. „Партизански одреди” и од улиците „Његошева” и „Софиска” во општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот