Бесими: Интензивно работиме на воведување на Интегрираниот информациски систем за управување со јавните финансии

фатмир бесими, министер за финансии
Фатми Бесими, министер за финансии, Фото: Архива

 „Министерството за финансии интензивно работи на подготовка на проектот за воведување Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии (IFMIS), и истиот  очекуваме да биде поддржан од Групацијата на Светска банка и од Европската комисија, во рамки на Вториот инструмент за претпристапна помош (IPA II). Проектот е од исклучително значење за управувањето со јавните финансии, бидејќи ќе овозможи интегрирано следење на приходите и расходите од нивното планирање до целосната реализација, со што ќе се подобри управувањето со јавните финансии”, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на средбата со директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.

На официјалната средба, којашто се одржа во Брисел на 25 февруари 2021 година, беше потенцирано дека со воведување на овој систем ќе се решат повеќе фискални предизвици, вклучително и реалистичното планирање и повисоката реализација на капиталните инвестиции.

„Мерките и политиките коишто се преземаат во насока на поддршка на одржлив и инклузивен раст, се клучни во услови кога се соочуваме со најголемата економска криза досега. Фискалната политика мора да биде во центарот на одговорот на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19″, истакна Бесими.

На средбата беше разгледана реализацијата на четиригодишната стратегија на Светска банка, при што беше посочено дека наскоро се очекува да започне реализацијата на проектот за локални патишта. Воедно, во собраниска процедура за усвојување е и Законот за задолжување за проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, во висина од 25 милиони евра, којшто ќе  овозможи реализација на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Проектот се спроведува преку проектната единица на Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги – МСИП, со поддршка од Светска банка.


На средбата се дискутираше и за Проектот за модернизација на земјоделството во износ од 50 милиони евра, од кои 46 милиони се заем од Светска банка, а 4 милиони се грант од ЕУ, чија реализација зависи од усвојувањето на Законот за задолжување којшто исто така е во собраниска процедура. Меѓу другото, средбата беше оценета како исклучително важна и од аспект на дискусиите за владините приоритети на среден рок и можностите за нивно кофинансирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот