Беса и Алијанса не кажуваат дали паднал договор да се обединат против ДУИ во Тетово и Гостивар

Движењето БЕСА и Алијанса за Албанците/Алтернатива го поставија прашањето за Тетово односно за меѓусебна поддршка на Биљал Касами во Тетово и Арбен Таравари во Гостивар, објави Алсат.

Секретарите на двете партии, Арбен Таравари и Арјанит Хоџа, вечерва се сретнаа во Гостивар за да разговараат околу поддршката на Алијанса/Алтернатива на Касами во Тетово, кој во вториот круг ќе се бори против Теута Арифи од ДУИ. Таравари, пак, за малку не успеа да го освои вториот мандат уште во првиот круг, во кој имаше околу 2.500 гласови повеќе од противкандидатот и поранешен градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.

По средбата, претставниците на двете партии не соопштија детали ниту за епилогот, ниту за нивните следни чекори. Таравари рече дека во принцип треба да се поддржи секој кандидат за градоначалник кој не е од ДУИ.

“Анализиравме некои резултати од изборите. Нема нешто друго. Едноставно едно кафе заедно. Оставивме тој да разговара со раководството на неговата партија, а ние со нашето. Бидејќи ние имаме и коалиционен партнер, со кого мора да седнеме и да ги координираме ставовите. Значи за 2-3 дена мислам дека ќе имаме партиски ставови, кои ќе се донесат од партиските органи. Наш политички противник е ДУИ и секој кандидат кој не е од ДУИ, мислам како албанска опозиција треба да го поддржиме, во сите општини без исклучок,” рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот