Бертомеу доби отказ, клубовите ја презедоа Евролигата!

Бертомеу ќе ја напушти функцијата извршен директор на Евролигата/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Жорди Бертомеу повеќе не е на чело на Евролигата..На состанокот на клубовите кој се одржа денеска, според грчката „СДНА“, тој бил ослободен од должноста од страна на 20 клуба целосно едногласно.

Тој ја изгуби поддршката од 11 клуба кои претходно беа зад него и имаа долгорочни лиценци за настапи во натпреварувањето. На анонимно гласање, никој не гласаше за тој да остане на чело на Евролигата.

Сè започна пред неколку месеци на таен состанок одржан во Атина кога претставниците на седум клуба (Панатинаикос, Олимпијакос, Макаби, Жалгирис, Ефес, ЦСКА и Олимпија Милано) се согласија за чекорите за негово отстранување. Тие беа загрижени за финансиската состојба во натпреварувањето и начинот на кој Бертомеу дистрибуираше пари меѓу клубовите.

Нешто подоцна, тие беа поддржани од сите други со трајни лиценци, како што се Реал Мадрид, Барселона, Басконија и Фенербахче. „Кулата“ полека почна да се руши, а денеска одлуката за смената беше донесена едногласно. Тој ќе остане на позицијата генерален директор, но неговите овластувања ќе бидат намалени на максимум и нема да има никакво влијание.

Бертомеу е правник од Барселона кој беше висок функционер на шпанската кошарка од 1982 до 2000 година. Пред 20 години ја формираше Евролигата со своите соработници, што предизвика големи нарушувања во европската кошарка, кои продолжуваат и до денес. Со текот на времето, Евролигата стана сè позатворено натпреварување, во кое богатите станаа привилегирани. Тоа го гледаме во АБА-лигата, каде само шампион може да стигне до место во елитното натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот