Берлускони подготвува враќање на политичката сцена: Ѝ требам на Италија

Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони/Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Познатиот италијански бизнисмен и поранешен премиер, Силвио Берлускони, подготвува враќање на политичката сцена за изборите кои треба да се одржат следниот месец, велејќи дека таквиот потег „ќе ги задоволи сите“.

Берлускони, поради и добри и лоши работи, ужива солидна популарност во и надвор од Италија, а 85-годишниот бизнисмен никако да се откаже од своите стремежи за повторно да се врати на тронот, пишува „Гардијан“.

Иако повеќето луѓе на негова возраст уживаат во пензионерските денови, поранешниот италијански премиер одлучи повторно да влезе во трката за наследник на Марио Драги.

„Тоа ќе ги направи луѓето среќни“ изјави тој за Раи.

Политико“ пишува дека популарноста на Берлускони во последниве години опаѓа, а неговите здравствени проблеми го принудија моментално да се повлече од политиката, но Берлускони вели дека сега се чувствува добро и дека е подготвен за новите избори.

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Берлускони, кој три пати ја водеше италијанската влада, беше исклучен од Сенатот во 2013 година и доби забрана од шест години да учествува на општите избори по пресудата за даночна измама.

Неговата партија, Форца Италија, е дел од сојузот предводен од „Браќата на Италија“, партија со неофашистичко потекло и која ја вклучува екстремно десничарската Лига на Матео Салвини.

Антонио Тајани, заменик-претседателот на Форца Италија, изјави за Кориере дела Сера дека секој глас за „умерената, доверлива, либерална, проевропска“ партија е корисен бидејќи на триото му дава „рамнотежа“.

Антонио Тајани/ Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Според анкетите, се предвидува дека оваа коалиција ќе победи на изборите, што веројатно ќе го отвори патот за Џорџија Мелони, лидерот на Браќата на Италија чие мото е „Бог, земја и семејство“, да стане првата жена премиер во земјата.

„Италијанската десница го остави фашизмот зад себе од пред неколку децении, недвосмислено осудувајќи го задушувањето на демократијата и срамните антиеврејски закони“, рече таа.

Џорџија Мелони/ Фото EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Повратникот

И покрај тоа што две децении доминираше во италијанската политика и медиумите, не толку одамна се чинеше дека политичката кариера на Берлускони е пред крајот, пишува „Политико“.

По скандалите со „бунга бунга“ забавите, неговиот имиџ доби силен удар во италијанската јавност.

Но, неочекуваниот раст на националистичкиот популизам во изминатата деценија му даде можност на Берлускони да игра про-ЕУ улога, пишува „Политико“.

Тој беше избран во Европскиот парламент во 2019 година, иако ретко присуствуваше на гласањето. Минатата година, неговата политичка „рехабилитација“ изгледаше завршена, откако се приклучи на големата коалиција предводена од поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

Но, минатиот месец, очигледно чувствувајќи промена во политичките ветрови, тој им се придружи на другите коалициски партнери кои ставија крај на владеењето на Драги, принудувајќи на предвремени избори. Тројца министри од Владата на Драги  поднесоа оставки од партијата Форца Италија, велејќи дека тој е „неодговорен“ и ги става партиските интереси пред земјата.

Марио Драги и Силвио Берлускони/ Фото Fotogramma / Zuma Press / Profimedia

„Длабоко разочаран“ од Путин

Берлускони неодамна изјави дека е „длабоко разочаран и тажен” од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин, кој му беше близок сојузник на Берлускони додека беше на власт.

Додека беше премиер, Берлускони тврдеше дека работел на подобрување на односите меѓу Русија и Западот. Договорот НАТО-Русија од 2002 година, во Рим, „можеше да започне ера во која Русија стана партнер и доверлив соговорник“, изјави Берлускони.

Путин и Берлускони / Фото: EPA PHOTO ITAR TASS POOL

Според Берлускони, токму левичарите се оние чија лојалност е сомнителна, бидејќи нивната коалиција вклучува екстремно левичарска партија која гласаше против Шведска и Финска да влезат во НАТО.

„Ние сме проевропски, прозападни, про-НАТО, со либералната демократија како единствена референтна точка“, рече Берлускони. Тој додаде дека „нема да учествува во ниту една влада доколку не е апсолутно сигурен во нејзината „демократска исправност, чувство за одговорност и лојалност кон Европа и Западот“.

Милијардер со претседателски амбиции: Враќање на „отпишаниот“ Силвио Берлускони

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот