Драги не успеа да ја обедини коалицијата, повторно поднесе оставка

Марио Драги/ Фото EPA-EFE/Gregorio Borgia / AP POOL

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повторно соопшти дека поднел оставка од функцијата. Откако три партии од неговата коалиција одбија да гласаат за доверба на Владата, Драги по втор пат поднесе оставка, откако претходниот пат по молба на граѓаните и претседателот реши да им даде уште една шанса на коалициските партнери.

Претседателот на Италија, Серџо Матарела побара од Драги привремено да остане на функцијата.

Партијата 5-ѕвезди предводена од Матео Салвини и Форца Италија на Силвио Берлускони, како и екстремно десничарската партија Лига одбија да присуствуаат на гласањето за доверба на Владата.

Лига и Форца Италија предложија Драги да продолжи да биде премиер, но со нова коалиција, во која нема да биде 5-ѕвезди.

Со неговата оставка најверојатно ќе има предвремени избори на 25 септември или 2 октомври.

Дилемата на Марио Драги

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот