Берлинскиот фестивал ја отвори програмата

Фотографија: Profimedia

На Берлинскиот филмски фестивал од 10 до 20 февруари ќе нема забава. Ова стана очигледно со најавувањето на делови од програмата паралелно со рекордниот раст на дневни бројки од 100.000 новозаразени со ковид-19 во Германија. Меѓу фаворитите се Шарлот Гејнзбург, Жулиет Бинош, Изабел Ипер и Ник Кејв, а претседател на жири-комисијата е мегапознатиот М. Најт Шијамалан.

Извршната директорка Мериет Рајзенбек рече дека одлуката за префрлање онлајн во последен момент била тешка. И настанот Европски филмски маркет (ЕФМ) ќе се одржи виртуелно. Забавите се откажани, а средбите во живо и пристапот до премиерните фотосесии се значително лимитирани.

Во палатата во која обично се одржува, на 10 февруари се случи гала-отворањето на Берлиналето, со филмот на Франсоа Озон, „Петер фон Кант“, инспириран од филмот од 1972 година на Рајнер Вернер Фасбиндер, „Горките солзи на Петра фон Кант“. Соопштувањето на добитниците, наместо на 20 февруари, одлучено е да биде четири дена порано. Иако ќе има за 20 отсто помалку филмови од лани, програмата содржи 256 кратки и долгометражни филмови.

Многу ѕвезди во филмовите се од Франција: во филмот што ќе се прикаже на отворањето глумат Дени Меноше и Изабела Аџани. Жулиет Бинош и Винсент Линдон глумат во филмот на режисерката Клер Денис, „Двете страни на сечилото“, а Шарлот Гејнзбург игра во филмот на Микаел Херс, „Минувачи во ноќта“.

И оваа година се кандидирани звучни германски филм-мејкери. Меѓу нив се премиерата на филмот „Раби Курназ против Џорџ Буш“ на Андреа Дрезен, а главната улога е на Александар Шер. Австриската ѕвезда Улрих Сејдл е во игра со „Римини“ заедно со Мајкл Томас во улогата на остарен жиголо. Мултиталентираната германска актерка и модел, Николет Кребиц, е пријавена како режисер на „АЕИОУ – Кратка љубовна азбука“, заедно со австриската актерка Софи Роис.

Меѓу фаворитите е и јужнокорејскиот режисер Хонг Санг-су, со филмот „Филм за еден писател“, што е замислен во време на пандемијата и ги „воспева убавините на случајните средби“. Хонг во 2020 година доби Златна мечка за филмот „Жената што трчаше“.

Канадскиот режисер Денис Коут ќе го претстави својот најнов документарен филм „Она лето“. Режисерот од Камбоџа, Рити Пан, кој во 2020 ја доби наградата за најдобар документарец со филмот „Иритиран“, повторно е номиниран со „Сѐ ќе биде во ред“, опишан како „апокалиптична морална приказна“. И Индонезија учествува во натпреварот, со филмот на Камила Андини, „Пред, сега и тогаш“.

Фотографија: Profimedia

На Берлинале специјалот оваа година ќе се емитуваат неколку документарци, како „Волку знам“ на Ендру Доминик за животот на австралискиот музичар Ник Кејв за време на пандемијата. Важен е и „Германска партија“ од Симон Брукнер, за идеологиите во радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија. Не изостанува и фикцијата, како новиот филм на култниот хорор-режисер Дарио Арџенто, „Темни Очила“, во кој глуми ќерка му, Азија Арџенто.

Француската актерка Изабел Ипер ќе ја добие наградата Почесна Златна мечка, а на Берлинале специјалот ќе се емитува нејзиниот последен филм „За Јоан“, во режија на Лорент Ларивиер, во кој глуми и Германецот Ларс Ајдингер.

Кому ќе му се додели Златна и Сребрена мечка, одлучува меѓународното жири на фестивалот. Претседател на комисијата е индиско-американскиот филм-мејкер, М. Најт Шијамалан, познат по режирањето на филмовите „Шестото сетило“ и „Нескршлив“. Во жирито ќе му се придружат режисерите Керим Ајнуз, Хамагучи Рјусуке и глумецот Кони Нилсен. Во комисијата се и продуцентот Саид Бен Саидм, филм-мејкерите Ане Зора Беракед и режисерот Цици Дангарембга.

Нов додаток на натпреварот е делот „Средби“, што според сајтот на фестивалот се фокусира на филмови што нудат „нови киновизии“. Во ова жири се актерката и режисер Кјара Марањон и филм-мејкерите Бен Риверс и Силван Зиркер. Во жирито за наградата за документарец се Ванг Бинг, саунд дизајнерката Рана Аид и кинематограферката Сузан Шул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот