Беневенто го отпушти Канаваро по само четири месеци

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Легендарниот Италијанец, Фабио Канаваро имаше неславен крај на првиот тренерски ангажман во Европа.

Канаваро доби шанса на клупата на Беневенто во Серија Б, но раководството го отпушти по само четири месеци. Отказот за Канаваро дојде откако неговиот тим беше поразен од еден од главните ривали за опстанок во второлигашката конкуренција, Венеција (1:2).

Со овој пораз Беневенто сега е на претпоследната позиција на табелата, додека Венеција со трите бода напредуваше два места, оставајќи ги зад себе Беневенто и Козенца на последното место. Покрај Канаваро клубот го отпушти и спортскиот директор Пасквале Фоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот