Бен Афлек нема среќа во љубовта: По едногодишната врска убавата Ана го остави актерот

Фото: Профимедиа

Ана де Армас (32) одлучи дека и е доста од љубовта со Бен Афлек (48) и го остави без некоја посебна причина…

Бен Афлек (48) изгледа дека нема среќа во љубовта. Една година по страствената врска со младата Ана, заедничкиот живот во карантин, селењето во голема куќа, запознавањето со децата, прославите на родендените – тој повторно остана без девојка.

Магазниот „People“ наведува дека Ана била таа која одлучила дека и е доста од љубовта со Бен Афлек. Всушност, дека не постои ниту една особена причина зошто таа го оставила, а извори блиски до Ана наведуваат дека таа неверојатно го цени и сака Бен Афлек, но во моментот немаат исти интереси, и дека поради тоа го остава.

Фото: Профимедиа

Истиот извор тврди дека Бен сето тоа „машки“ го поднел и дека тоа нема да влијае на неговиот став да продолжи да живее здраво, што значи дека раскинувањето со Ана нема да го врати повторно на алкохолот.

Останува да видиме дали актерот ќе ја замени Ана со нова, помлада и подобра девојка или повторно ќе се заврти кон Џенифер Гарнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот