Беливук ги снимал сите убиства

Вељко Беливук, 2021 / Фото: Фејсбук

Вељко Беливук за секое убиство добивал по 300.000 евра од водачот на Кавачкиот клан, и со тоа заработил вистинско богатство.

Соработниците на Беливук ги снимиле повеќето брутални убиства, а потоа снимките ги праќале директно на Звицер преку апликацијата Скај.

Од вкупно 44 конфискувани телефони, на голем број од нив е инсталирана апликацијата Скај за шифрирани пораки.

Во нив е откриена преписка со луѓето од „врвот“ на кланот кои прашуваат како се убиени одредени жртви и како се уништувале телата и доказите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот