Белгиските здравствени власти сметаат дека вакцината нема да биде доволна против ковид-19

На прес конференцијата на кризниот штаб за ковид-19 во Белгија денеска, портпаролот, Ив Ван Латем, порача дека вакцината нема да биде доволна за целосна имунизација.

На новинарско прашање дали е потребно да се развие некаков терапевтски третман против вирусот, Ван Латем објасни дека би било „многу добро” да се развие орална терапија против болеста од повеќе причини.

Едната е затоа што некои лица одбиваат или не можат да се вакцинираат, но и затоа што вакцината не е доволна кај други затоа што нивниот имун систем не одговара адекватно на вакцинацијата.

Конечно, објасни портпаролот, една група ќе ги изгуби антителата побрзо од остатокот од населението и за нив ран терапевтски третман би бил корисен.

Тој истакна меѓутоа дека антивирална терапија има смисла само доколку се земе на самиот почеток на болеста, затоа што подоцна вирусот предизвикува низа инфламаторни реакции кои не можат повеќе да се контролираат со антивирален лек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот