Белгискиот парламент го одобри пристапниот протокол за НАТО

Фото: МИА

Белгискиот федерален парламент денеска го одобри пристапниот протокол на Северна Македонија во НАТО, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја соопшти белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс на Твитер.

-Задоволство ми е да соопштам дека белгискиот парламент денеска го одобри законот со кој се прифаќа пристапниот протокол на Република Северна Македонија во НАТО, Белгија е на чекор да го финализира процесот на ратификација, напиша Рејндерс.

Предлог законот за пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата беше одобрен од страна на белгиската влада пред помалку од две недели.

Белгиската процедура предвидува прво законот да добие зелено светло од Државниот совет, чие мислење иако не е обврзувачко е многу важно, потоа законот да го одобри Парламентот пред да биде ратификуван. Другите регионални парламенти не се инволвирани во процесот, само федералниот, што значително ја забрзува процедурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот