Белгија има најголема стапка на смртност од коронавирусот заради „непотврдените случаи“

Анализите покажуваат дека Белгија е на првото место според бројот на потврдени смртни случаи од коронавирус во однос на бројот на жители – 81,53 починати на 100.000.

Останатите европски земји со голем број на починати заостануваат во однос на таа земја – Шпанија има 57,43 починати лица на 100.000 жители, Велика Британија 55,64, а Италија 54,4.

Американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ наведува дека Белгија води со стапка на починати од коронавирусот која достигнува дури 16,2 отсто.

Следи Франција со 15,5, Италија со 14,3 и Велика Британија со 14,1 отсто во однос на бројот на заболени. Во САД, каде има најголем број на починати од вирусот, стапката на смртност е 5,9 отсто во однос на бројот на заболени.

Шведска која е критикувана заради благите мерки на социјалното дистанцирање има стапка од 11,9, што е исто така помала од Белгија.

Високата стапка на смртност белгиските лекари ја објаснуваат со фактот дека дури 40 отсто од смртните случаи од Ковид-19 се во категоријата „можни случаи“, што значи дека не се потврдени со тестови.

Многу други земји не бројат такви непотврдени смртни случаи во својата евиденција. Во Белгија до 27 мај од коронавирусот починале 9.335 лица, а заразени се 57.455 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот