Белгија е првиот учесник на Европското првенство (ВИДЕО)

twitter.com/Footie_Matters

Во четвртокот се играа првите натпревари од седмото коло во квалификациите за ЕП 2020 година. Репрезентацијата на Белгија прва го обезбеди „билетот“ за настап на континенталниот собир го декласираше Сан Марино со 9:0.

Холанѓаните ја оправдаа фаворитската улога против Северна Ирска со 3:1 и сега во групата „Ц“ три селекции се на врвот со по 12 бодови.

Во нашата група „Г“, наредниот противник на избраниците на селекторот Игор Ангеловски, Полска со 0:3 славеше над Летонија.

Роберт Левандовски, ѕвездата на Баерн Минхен докажа зошто е главен носител во играта реализирајќи ги сите погодоци.

Резултати, квалификации за ЕП 2020, 7.коло:

Група „Ц”:
Холандија – Северна Ирска 3:1
Белорусија – Естонија 0:0

Група „Е”:

Хрватска – Унгарија 3:0
Словачка – Велс 1:1

Група „Г”:

Австрија – Израел 3:1
Македонија – Словенија 2:1
Латвија – Полска 0:3

Група „И”:

Белгија – Сан Марино 9:0
Русија – Шкотска 4:0
Казахстан – Кипар 1:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот